Линкови за пристапност

Според шефот на американската армија ќе треба повеќе трупи за Авганистан


Главниот американски армиски офицер вели дека на САД „најверојатно" ќе им се потребни повеќе трупи во Авганистан да ја добијат битката против бунтовниците.

Адмиралот Мајк Мулен, командант на здружениот Генералштаб на САД, пред сенатска комисија во вторникот, рече дека „соодветно опремени трупи за борба против бунтовништвото веројатно значи повеќе сили."

Тој рече дека успехот во Авганистан исто така ќе бара повеќе време и посилна определба за развој на добро управување и повеќе луѓе за обука кои ќе помогнат повторно да се изгради авганистанската армија и полиција.

Мулен рече дека американската мисија во Авганистан била „лошо снабдена" околу пет години и дека „многу е јасно" оти се потребни повеќе ресурси за извршување на новата стратегија за Авганистан на претседателот Барак Обама.

Мулен зборуваше пред сенатската Комисија за оружени сили по повод неговата номинација за втор мандат.

XS
SM
MD
LG