Линкови за пристапност

Џо Бајден во ненајавена посета на Ирак


Американскиот потпретседател Џо Бајден пристигна во Ирак во претходно ненајавена посета.

Од Белата куќа велат дека за време на престојот, Бајден ќе се сретне со ирачкиот државен врв, а ќе ги посети и американските трупи.

Бајден е назначен да ја надгледува политиката на администрацијата на Обама во Ирак, додека САД преземаат чекори за повлекување на сите борбени сили од земјата, до август 2010 година.

Ова е трета посета на Бајден на Ирак годинава.

Минатата недела американскиот амбасадор во Ирак, Кристофер Хил истакна дека САД се на добар пат да го исполнат рокот за повлекување и покрај неодамнешното интензивирање на нападите во земјата.

Хил рече дека нападите се обид да се омаловажи ирачкиот народ, додека американските сили постепено ја напуштаат земјата.

XS
SM
MD
LG