Линкови за пристапност

Веб-страница на неделатa – се` за телескопот Хабл


Во мај, астронаути од спејс-шатл ги извршија неопходните поправки на телескопот Хабл, додавајќи нови научни инструменти.

Резултатите од тоа се спектакуларни фотографии кои неодамна ги објави американската вселенска агенција НАСА.

Ако сакате да ги видите новите фотографии направени од телескопот Хабл или да научите за најпродуктивните инструменти кои ги користат астронаутите, посетете ја веб страницата во избор на Гласот на Америка за оваа недела. „Hubblesite.org е он-лајн дом на вселенскиот телескоп Хабл. Тука се сместени сите откритија од телескопот, исто како и истражувањата на технологија и самиот инстумент, вели
Стратис Какаделис, менаџер на страницата Hubblesite.org.

Во телефонски разговор од нивното седиште во Балтимор, тој објаснува дека интернет-страницата ги содржи сите објавени фотографии кои ги регистрирал телескопот во орбитата:
„Се обидуваме да ги ставиме последните информации од проектот со Хабл, затоа што се работи за многу голем проект во кој се вклучени стотици луѓе. Тешко е тие информации да се најдат на друго место“, вели Какаделис.

Се што ве интересира за вселенскиот телескоп Хабл, ќе најдете на веб-страницата – www.hubblesite.org

XS
SM
MD
LG