Линкови за пристапност

Израелскиот воен филм „Либан“ го освои Златниот лав во Венеција


Златниот лав за најдобар филм отиде кај израелскиот филм „Либан“ од Семјуел Маоз. Режисерот го снимил речиси целиот филм од внатрешноста на тенк и претставува сведоштво за клаустрофобијата и стравот што ги преживеал како млад израелски војник за време на војната во 1982-ра.

Маоз вели дека бил трауматизиран од сеќавањата заради што му биле потребни 25 години да собере сила за да го направи филмот. Тој бил млад човек кога служел во израелските вооружени сили за време на инвазијата. Окупацијата довела до дводецениска опупација од Израел.

Примајќи ја наградата, режисерот Маоз рече: „Ја посветувам наградата на илјадници луѓе во светот кои се вратиле од војна, како мене, живи и здрави“.

Но тој рече дека иако изгледа дека се добро, сеќавањата за војната нив ги следат до крајот на животот.

Магазинот „Верајати“филмот го опиша како „најдобро остварување од поновиот мини-бра“ на израелски филмови. Судиите, на чело со Анг Ли, и самиот режисер-добитник на Златен лав, наградата ја соопшти на крајот на 11 дена прикажување на филмови.

Темната комедија „Живот за време на војна“, на американскиот режисер Тод Солондз ја освои наградата за најдобро сценарио.

Иранскиот режисер Ширин Нешат го освои Сребрениот лав за најдобар режисер за филмот „Жени без мажи“. Филмот хронолошки ги прикажува животите на четири жени со различни животни профили за време на воениот удар во Иран во 1953-та, што беше поддржан од странски сили.

Заблагодарувајќи се на наградата, таа рече дека филмот е производ правен со љубов во изминатите шест години. Таа рече дека филмот им се обраќа на граѓаните на Иран кои се борат за демократија и на иранската влада.

„Ја повикувам владата да му го даде на народот она што треба – основни човекови права, слобода и демократија. Смирете се со народот на Иран“, рече таа.

Британскиот актер Колин Фирт ја освои наградата за најдобар актер, како што се очекуваше, за неговата улога како професор-хомосексуалец, кој тажи за смртта на неговиот љубовник во првиот филм на светскиот дизајнер за мода Том Форд во „Сингл Мен“, базирана врз новелата од Кристофер Ишервуд.

Руската актерка Ксенија Рапопорт ја освои наградата најдобрата актерка во филмската опера на Џузепе Капотонди „Ла Допиа Ора“.

Германскиот режисер Фатих Акин ја освои специјалната награда за „Кујна за душата“, приказна за млад сопственик на ресторан кој има проблеми со водењето на бизнисот поради одржувањето на љубовната врска на далечина и справувањето со неговиот брат – криминалец.

XS
SM
MD
LG