Линкови за пристапност

САД и Косово потпишаа договор за помош


САД и Косово го потпишаа првиот официјален договор за американска економска помош на балканската држава.

Косовскиот претседател Фатмир Сејдиу во понеделникот кажа дека договорот покажува определба на САД да му помогнат на Косово.

Помошта ќе биде примарно употребена за поддршка на инфраструктурата, сообраќајот и образованието во државата.

Претседателот Сејдиу кажа дека финансиската помош ќе претставува специјален стумуланс за побрзиот развој на Косово.

XS
SM
MD
LG