Линкови за пристапност

Обама поттикнува на реформи во финансискиот сектор


Претседателот Обама го поттикнува американскиот финансиски сектор да поддржи „здраворазумски" реформи.

Обама одржа значаен говор во Њујорк, домот на многу финансиски фирми кои беа соочени со колапс среде глобалната финансиска криза.

Обама за колапсот го обвинува „неодговорното" преземање ризици и неуспешните регулаторски шеми. Тој рече дека многу компании погрешно ги интерпретирале неодамнешните знаци на економско опоравување и ги игнорирале лекциите од кризата.

Тој рече дека критиката која вели дека промената на регулативниот систем ќе ја забави економијата и ќе им наштети на пазарите, се погрешни. Тој кажа дека ефикасни и и сензибилни правила се критични за правилно функционирање на пазарите.

Претседателот рече дека финансиските фирми кои беа спасени со пари од даночните обврзници имаат обврска да им помогнат на сопствениците на домови, на малите бизниси и на други кои сега се соочуваат со сериозни проблеми.

Говорот од понеделнико дојде на годишнината од колапсот на големата финансиска фирма, „Лиман Брадерс" предизвикувајќи криза во вербата во системот што ја турна и онака ослабената светска економија во рецесија.

Обама предлага реформи чија цел е да задржи инвестициските фирми од преземање големи ризици. Во некои случаи, тие ризични потези донесоа огромни загуби. Загриженоста дека банкротирањето на големи фирми може да ја уништи вербата во финансискиот систем го поттикна Вашингтон да спаси некои од компаниите.


Претставници на администрацијата кажаа дека политиката на Обама помогна економијата да се врати на прав пат од работ на пропаст.

Во меѓувреме, американската стапка на невработеност е највисока за последниве 26 години, над девет проценти, и стручњаците предвидуваат дека може да надмине десет проценти пред да почне да опаѓа.

XS
SM
MD
LG