Линкови за пристапност

Oбама ќе зборува на Вол Стрит


Американскиот претседател на Вол стрит ќе говори за плановите да се намали директното владино учество во финансискиот сектор, како и за нови банкарски регулативи.

Говорот на Барак Обама паѓа точно една година откако големата инвестициона банка „Леман брадерс" доживеа колапс, што беше дефинитивен показател дека САД се во финансиска криза. Белата куќа најави Обама ќе ги повика компаниите да избегнуваат ризични инвестиции и да поддржат регулатива што ќе спречи нови кризи. Конгресот расправаше за реформа на регулативите во банкарската индустрија, но се` уште ја нема усвоено.

XS
SM
MD
LG