Линкови за пристапност

САД за август пријавија дефицит од 111 милијарди долари


Американскиот федерален буџет надмина 111 милијарди долари минатиот месец.

Одделот за финансии вели дека малку е променето во цифрите од пред една година.

Но, цифрите се подобри отколку што предвидуваа економистите. Некои аналитичари очекуваа 152 милијарди долари дефицит за тој месец.


Со ова минусот во буџетот достигна 1.38 трилион долари на само еден месец преостанат во фискалната година. Гледано така, дефицитот достигна рекорд.

Големата рецесија го зголеми федералниот дефицит, со масивни трошоци за стабилизирање на фискалниот систем.

Опаѓањето ја принуди владата да потроши повеќе на бенефиции заради невработеност и други трошоци во време кога се финансираат и две војни, во Ирак и во Авганистан.

XS
SM
MD
LG