ЕУ бара итен состанок со Иран за контроверзната нуклеарна програма на официјален Техеран.
Шефот за надворешна политика на ЕУ Хавиер Солана во петокот соопшти дека претставници на Унијата стапиле во контакт со иранскиот главен преговарач за нуклеарни прашања во врска со најновиот ирански предлог. Солана во изјавата наведува дека Унијата сака да закаже состанок „што е можно порано“, како и дека ЕУ останува посветена на „суштински преговори“.
Иранскиот предлог, што беше доставен до странски дипломати и објавен на страницата ПроПублика што се бави со истражувачко новинарство, повикува на сеопфатни преговори со Запад и крај на непријателството, но не споменува ништо за нуклеарната програма.
Иран инсистира дека програмата е за мирнодопски цели. САД и западните сојузници тврдат дека Иран се обидува да создаде нуклеарно оружје.