Линкови за пристапност

Американците се` повеќе читаат електронски книги


Продажбата на електронски книги достигнала 12 милиони долари во јуни - за 150 проценти повеќе од лани, според Зружението на американски издавачи. Произведувачите на рачниот, дигитален читач исто така велат дека продажбата е добра. Електронските читачи на книги се тенки, колку магазин, портабл и може да соберат стотици наслови. На нив може да преземате книги од безжичен Интернет. Некои читачи дури на глас ја читаат книгата за вас.

Продажбата на електронски книги и дигитални читачи расте како што американските потрошувачи бараат продукти соодветни на се` помобилното, компјутеризирано општество.

Интернет-продавачот Амазон нуди преку 300.000 електронски наслови и наплаќа по 10 долари за бестселери и нови изданија во ваква форма. Обичните книги често чинат многу повеќе.

Книгите на новелистката Деби Мак се продаваат исклучиво во електронска форма. Таа за дигиталното издаваштво вели: „Читателите може да најдат книга која веќе не се печати. Од друга страна, ако како писател не можете да најдете издавач, овој вид на издаваштво ви нуди можност да ве објават".

Но, некои не се откажуваат од старата, добра – и хартиена – книга. Авторката Евгенија Ким носталгично коментира:

„Има нешто прекрасно во допирот кога ја вртите страницата, додека приказната се разоткрива. Мислам дека доаѓа од детството поминато со книги".

Корпорациите се борат за издавачки права на електронските книги. Амазон, Мајкрософт и Јаху се против судската одлука со која ривалот Гугл доби права за издавање на милиони наслови. Велат, тоа може да наштети на конкуренцијата во време кога се` повеќе потрошувачи употребуваат електронски читачи.

XS
SM
MD
LG