Линкови за пристапност

Најстариот човек на светот почина на 115 години


Гертруда Бејтс, најстариот човек на светот, почина петокот во Лос Анџелес на 115-–годишна возраст. Лекарите велат дека причина за смртта најверојатно е срцев удар, иако краен збор ќе даде аутопсијата. Оваа афро-Американка го привлече вниманието на медиумите кога во ноември минатата година гласаше за претседателот Барак Обама.

Бејнс била родена во 1894-та и потекнува од јужната сојузна држава Џорџија, каде, како што се претпоставува, нејзиниот татко бил роб. Таа го прослави последниот роденден во април годинава, кога доби и писмо со честитки од Обама.

Сега најстар жител на планетата е 114-годишната Јапонка Кама Чинен.

XS
SM
MD
LG