Линкови за пристапност

Вежба на Крајбрежната гарда што го вознемири Вашингтон


Шефот на американската Крајбрежна гарда вели дека официјалните лица ќе ги ревидираат процедурите за обука по вознемирувањето на осмата годишнина од терористичките напади.

Телевизиската мрежа СиЕнЕн првично, во петокот, извести дека Гардата испукала десет истрели на осомничен брод на реката Потомак во Вашингтон.

Но, вице-адмиралот Џон Куриер вели дека немало истрели за време на рутинската вежба за обука.


Настанот се случи само неколку минути откако претседателот Барак Обама присуствуваше на церемонија за одбележување на годишнината на терористичките напади во кои загинаа близу три илјади луѓе во 2001.


Куриер вели дека заради медиумските извештаи, Федералната авиациска администрација привремено ги задржала авионите на земја на Националниот аеродром Реган, што е веднаш до реката.

Куриер вели дека само зборови што симулираат истрели биле кажани на радиото како дел од обуката. Тој исто така рече дека секој со скенер можел да ја пресретне отворената комуникација преку нешифриран канал.

Адмиралот додава дека неговите зборови не треба да се толкуваат како извинување за нормална вежба за обука.

XS
SM
MD
LG