Со албумот во оригинал насловен "I Look To You", Витни Хјустон по седумгодишна пауза најави враќање на поп-сцената каде доминираше во 1980-те и 90-те. Албумот дебитираше на прво место на музичките листи во САД и Канада, во Австралија и во пет европски држави.