Линкови за пристапност

Со церемонии одбележана годишнината  од нападите на 11 септември


Под сиво небо на дождлив ден, во САД се одржаа церемонии по повод осмата годишнина од терористичките напади на САД на 11 септември.


Претседателот Барак Обама во петок ја повика нацијата да ја обнови определбата против операцијата на ал-Каида, што уби близу три илјади луѓе во 2001.

Спомениците во Њујорк, во Вашингтон и во Пенсилванија го означуваат денот кога грабнувачите ги урнаа авионите во Светскиот трговски центар, во Пентагон и во полето на Пенсилванија.


Зборувајќи во Пентагон, Обама рече дека на денот кога терористите се обидоа да ја повредат самоувереноста на нацијата, Американците треба да се сетат дека тогаш се здружија.

Комеморативните настани вклучија минути на молчење, ѕвона и читање на имињата на жртвите.


Нападите на 11 септември се случија кога два авиони се урнаа во кулите близначки на Светскиот трговски центар, по што уследи авион што удри во Пентагон. Чевртиот авион падна во Пенсилванија откако патниците им се спротивставија на грабнувачите.

XS
SM
MD
LG