Линкови за пристапност

Светот ја одбележа годишнината од терористичките напади на САД


Околу илјада американски трупи во Авганистан ја одбележаа годишнината на нападите од 11 септември со меморијална десеткилометарска трка.

Трупите во воздухопловната база Баграм ги донираа нивните спортски обувки за комеморација на денот пред осум години кога близу три илјади лица загинаа во терористичките напади на САД.

Во меѓувреме, светските лидери изразија жал и поддршка. Во Русија, премиерот Владимир Путин кажа дека неговата држава жали за жртвите на 11 септември. Новинската агенција Итар-Тас го цитира Путин како рекол дека годишнината е потсетување на сите држави да ги остават настрана несогласувањата и да се спротивстават на заедничката закана од тероризам.

Во Киргистан, претседателот Курманбек Бакијев во тој контекст ги спомена долгогодишните анти-терористички напори на неговата земја и постојаната подготвеност за борба против терористичките закани и предизвици.

Бакијев зборуваше на аеродромот Манас, во близина на главниот град на Киргистан, Бишкек, каде САД оперираат голем воздухопловен транзитен центар за поддршка на армиските операции во Авганистан.
XS
SM
MD
LG