Линкови за пристапност

Американците ги комеморираат нападите од 11 септември


Во петок е осмата годишнина на нападите на САД од 11 септември 2001, и низ целата земја се комеморира денот со меморијални служби, доброволна работа и знамиња на половина копје.


Американскиот претседател Барак Обама објави дека ове е годишен ден на „служба и сеќавање".


Но критичарите велат дека со тоа што овој ден се претвара во ден за волонтерска работа, вниманието на луѓето може да биде одвлечено од жртвите на нападите.

Обама треба да претседава со службата кај споменикот во Пентагон, додека неговиот потпретседател, Џо Бајден, ќе зборува на настанот во Њујорк, додека поранешниот Државен секретар, Колин Пауел, ќе ја води церемонијата кај споменикот близу Шанксвил, во Пенсилванија.


Пауел беше државен секретар кога се случија нападите.
Речиси три илјади лица беа убиени кога исламски терористи грабнаа авиони со кои удрија во Светскиот трговски центар во Њујорк и во Пентагон, во близина на Вашингтон. Четвртиот авион се урна во Шанксвил, Пенсилванија.

Во четвртокот, група во Њујорк испрати покана до јавноста за испраќање видео снимки, лични приказни и други лични потсетувања на настанот. Групата ќе ги стави тие материјали на својата веб-страница и планира да отвори подземен музеј на местото на Светскиот трговски центар до 2013.

XS
SM
MD
LG