Германската канцеларка Ангела Меркел вели дека
американскиот автопроизводител Џенерал Моторс се согласил да ја продаде својата
германска еденица Опел, на канадско-германска група.
Меркел во четврток кажа дека ЏМ ќе го продаде Опел на
конзорциум на канадски произведувач на автоделови, Магна Интернешенал, и на
руска банка во државна сопственост Сбербанк. Германската влада ја поддржува
зделката,
верувајќи дека тоа ќе спаси повеќе од опеловите 25 илјади
работни места во Германија.
Парламентарните избори во Германија се закажени за 27
септември.
Директорите на ЏМ се сретнаа во американскиот град на средниот запад, Детроит, порано
неделава да ја разгледаат канадско-руската понуда за Опел и конкурентната
понуда од белгиска инвеститорска компанија.
Од ЏМ засега нема коментар за судбината на Опел. Американскиот авто-гигант излезе од банкротска заштита во јули и изрази интерес за продажба на најголем дел од своите европски операции..
Меркел во четврток кажа дека ЏМ ќе го продаде Опел на конзорциум на канадски произведувач на автоделови, Магна Интернешенал, и на руска банка во државна сопственост Сбербанк. Германската влада ја поддржува зделката, верувајќи дека тоа ќе спаси повеќе од опеловите 25 илјади работни места во Германија.
Парламентарните избори во Германија се закажени за 27 септември.
Директорите на ЏМ се сретнаа во американскиот град на средниот запад, Детроит, порано неделава, да ја разгледаат канадско-руската понуда за Опел и конкурентната понуда од белгиска инвеститорска компанија. Од ЏМ засега нема коментар за судбината на Опел. Американскиот авто-гигант излезе од банкротска заштита во јули и изрази интерес за продажба на најголем дел од своите европски операции.