Индиската полиција вели дека пет девојчиња загинале и 32 други ученици
биле повредени во четврток во човечко стампедо,
во државно училиште во североисточно Њу Делхи.
Инцидентот се случил на тесни скали на двоспратна зграда
откако се прочуло дека имало електричен краток спој во поплавена училница.
Полициски претставник вели дека многу од
учениците се качувале по скалите додека други се симнувале.
Полицијата исто така кажа дека учениците биле преместени
од еден дел на училиштето во друг по гласините дека некој добил електричен
удар. Полицијата вели дека ниедно дете не било инволвирано во таков инцидент.
Во Њу Делхи има големи дождови од средата навечер.
Главниот министер на Њу Делхи нареди истрага за откривање
дали небрежност придонела за несреќата.