Линкови за пристапност

Обама читаше од последното писмо на Кенеди


Американскиот претседател Барак Обама го евоцираше духот на починатиот сенатор Едвард Кенеди за време на говорот за здравствената заштита пред заедничка сесија на Конгресот.

Кон крајот на обраќањето, Обама зборуваше за писмо што демократскиот законодавец го напишал во мај, додека бил на умирање од рак на мозокот. Претседателот го добил писмото кусо време по смртта на Кенеди на 25 август.

Кенеди на Обама му кажал дека е убеден оти тој ќе биде оној што конечно ќе го стави потписот на реформата на здравствената заштита со што ќе стане закон, прашање што постариот го нарече „кауза на мојот живот" и „голема незавршена работа" на американското општество.

Сенаторот на претседателот му кажал дека здравствената грижа инволвира „фундаментални принципи на социјална правда и карактерот на нашето општество".

XS
SM
MD
LG