Линкови за пристапност

Мексико: Грабнувачот бил на „божествена“ мисија


Мексиканските официјални лица велат дека Боливиец кој тврдел дека имал божествено откровение стои зад киднапирањето на комерцијален авион на АероМексико во средата, што патувал од одморалиште во Канкун до Мексико Сити.

Секретарот за јавна безбедност Генаро Гарсија Луна вели дека 44-годишно лице на полицијата и` кажал дека е свештеник и дека вчерашниот датум 9-9-09, имал значење за него. Гарсија Луна на властите им кажал дека сакал да го предупреди мексиканскиот претседател Фелипе Калдерон за претстоен земјотрес.

Со завршувањето на инцидентот сите 112 патници и екипажот го напуштиле авионот неповредени и полицијата упаднала во авионот, одведувајќи осум лица со лисици на рацете. Властите подоцна кажаа дека имало само еден грабнувач.

Поранешните извештаи зборуваа за неколкумина грабнувачи кои барале да зборуваат со претседателот Калдерон и заканувајќи се дека ќе го кренат во воздух авионот доколку тоа не им се дозволи. Полицијата кажа дека не нашла експлозив на авионот.

Претседателот Калдерон веќе бил на аеродромот за патување неповрзано со настанот. Нема индикации дека зборувал со осомничениот, кој бил зависник од дрога и алкохоличар кој живеел во Мексико 17 години.

Еден од патниците е цитиран дека рекол оти не знаел за грабнувањето додека авионот не слетал во мексиканскиот главен град.

Американски претставник првично кажа дека американски, француски и мексикански државјани биле во авионот. Но Стејт Департмент подоцна кажа дека и покрај обидите да се добие листа на патниците нема докази дека Американци биле на летот.

XS
SM
MD
LG