Линкови за пристапност

Хотелите – се почеста мета на тероризмот


Пред 11-ти септември 2001-ва, ал-Каида се промовира во јавноста со напади врз западни воени и дипломатски мети, како американскиот брод Ју-Ес-Ес Кол и амбасадите во Кенија и во Танзанија.

Но, приватната разузнвачка фирма СТРАТФОР вели дека зголемените безбедносни мерки кои беа имплементирани по нападите од 11-ти септември во 2001-ва во Њујорк и Вашингтон ја принудија ал-Каида и сојуизниците да напаѓаат понезаштитени цели, како хотелите.

Скот Стујарт е потпретседател за тактичко разузнавање на СТРАТФОР: „ Поради безбедносните мерки кои се во сила на аеродромите, силно обезбедените објекти, како воените бази, повеќе не се интересни за милитантите и тие се преориентираа врз авиони и амбасади. Откако и туку беа воведени нови, засилени, безбедносни мерки, милитантите го свртеа фокусот кон хотелите. Кога ќе се зголемат безбедносните мерки врз одредени мети, тогаш други цели стануваат попривлечни за милитантите.“

Стујарт додава дека фактот што хотелите сега се цел на нападите, говори за промените во самата структура на ал-Каида:

„Ал-Каида се трансформира од мала група на високо обучени терористички оперативци, во движење. Секоја единица практично работи на своја рака, со една идеологија. Тие немаат капацитет на професионални оперативци на ал-Каида и затоа тие напаѓаат цели кои не се толку заштитени, како хотелите“.

Од 2001-ва, нападите врз хотелите двојно се зголемија споредено со периодот од осум години пред нападите. Самоубиствени бомбашки напади се случија во хотели во Исламабад, Пешевар, Пакистан и Џакарта, Индонезија. Лани на пример, вооружени самоубијци извршија напад врз два луксузни хотели во Мумбаи, Индија.

Стујарт предупредува дека самата природа на хотелите не обезбедува нивно целосно обезбедување:

„Хотелите се трудат најдобро што можат да ги засилат безбедносните мерки, но не можат целосно да ги затворат. Туристи мора да доаѓаат и да отседнуваат таму, да јадат во рестораните, да купуваат. Хотелите е многу потешко да се заштитат отколку амбасадите.“

Извештајот на СТРАТФОР вели дека дури и со терористичките закани, некои хотели се неподготвени за имплементирање на скапите безбедносни мерки како проверување на идентитетот на гостите и скенирање на багажот поради стравување од непријавени гости. Но, извештајот наведува дека можноста за тужби од жртви на терористички напади може да ги принуди хотелите да ги променат процедурите на работење и обезбедување.

XS
SM
MD
LG