Линкови за пристапност

Експлозија на камион-бомба опустоши курдско село во Ирак


Властите велат дека експлозијата се случила во селото Вардак пред изгрејсонце, при што луѓето биле убиени на спиење, а имало и многу повредени.

Курското село е источно од Мосул, главниот град на провинцијата Ниневе. Тоа е едно од последните региони каде бунтовниците се` уште имаат силна позиција откако од ирачките и американските војници беа принудени да напуштат други области.

Има големи тензии меѓу етничките Курди и Арапите во места како Вардак. Ирачката полуавтономна курдска регионална влада сака да ја прошири контролата врз регионот богат со нафта, додека Багдад сака да ја задржи под централната влада.

Политичкиот аналитичар од Меѓународната кризна група Питер Харлинг вели дека има многу потенцијални мотиви за нападите, но нерешеното прашање меѓу Арапите и Курдите се причина за проблемите: „За прецизната распределба на земјиште, ресурси и моќ меѓу двете заедници не е расправано од 2003-та. Мислам дека ирачката влада, Ирак како држава и САД, сега ја плаќаат цената за тоа.“

Политичкиот аналитичар со седиште во Дамаск вели дека уставните и територијални прашања бараат повеќе компромис отколку што централната влада или курдската страна покажуваат. „Решението е да се најде сила од надвор“, вели Харлинг, „но тоа би значело САД да работи одблизу со другите играчи кои имаат моќ во Ирак, што не гледам дека е можно наскоро да се случи“.

Прашањето најверојатно ќе игра важен дел за време на парламентарните избори кои се закажани за почетокот од следната година.

XS
SM
MD
LG