Мексиканските
власти велат дека авион на Аеромексико од Канкун бил киднапиран и е на замја,
на аеродромот во Мексико Сити.
Новинските извештаи велат дека киднаперите
побарале да разговараат со претседателот Фелипе Калдерон и се заканиле дека ќе
го кренат во воздух ако тоа не им се
овозможи. Сто и четири лица се верува дека се во авионот. Мотивот на
грабнувачите е непознат, а во моментов
не се знае ни кој е одговорен за грабнувањето.