Линкови за пристапност

Одбележан Денот на независноста во Вашингтон


Амбасадата на Република Македонија во Вашингтон вчера со прием ја прослави 18-годишнината од независноста на земјата.

Пред бројни гости – дипломати и иселеници, Македонија во Вашингтон ја прослави 18-годишнината од независноста. Амбасадорот Зоран Јолевски смета дека по речиси две децении премрежја, земјата е на добар пат кон Европа:

„Во изминатите 18 години, изработивме се што треба да се направи од наша страна за исполнување на критериумите за интегрирање во евроатланската заедница. Останува да се завршат некои задачи, особено во процесот на интегрирање во ЕУ, и оптимист сум дека Македонија ќе влезе таму каде што припаѓа – во ЕУ и НАТО“, рече амбасадорот Јолевски.

Гостинот, заменик-помошникот државен секретар на САД Стујарт Џонс, ги истакна односите меѓу двете земји:

„САД се горди на пријателството и партнерството со Република Македонија. Ги споделуваме вашите аспирации за интеграција во европските и евроатлантските институции и го очекуваме денот кога ќе станете членка на НАТО и ЕУ“, истакна Џонс од Стејт департментот.

XS
SM
MD
LG