Линкови за пристапност

Истражување: Европската поддршка за Обама останува силна


Ново истражување на јавно мислење покажува висока европска поддршка за надворешно-политичките одлуки на американскиот претседател Барак Обама.

Годишното истражување за транс-атлантски трендови, изведено во јуни и јули, најде дека 77 проценти од Европејците го поддржуваат справувањето на Обама со меѓународните прашања.

Ова е во силен контраст со ситуацијата од лани кога само 19 проценти кажале дека ги поддржуваат надворешно-политичките одлуки на поранешниот претседател Џорџ В. Буш.

Во соопштение од Германскиот Маршалов фонд, тинк-тенк организација што го спонзорирала истражувањето, стои дека рејтингот на претседателот е најголемата промена во осумгодишната историја на истражувањето.

Но резултатите од истражувањето исто така покажуваат дека популарноста на претседателот како личност не ги променила трансатлантските разлики во врска со некои од главните прашања, меѓу кои и војната во Авганистан.

XS
SM
MD
LG