Албанскиот претседател Бамир Топи побара од премиерот
Сали Бериша да формира нова влада по оддржаните парламентарни избори во јуни.
Демократската партија на Бериша освои 70 од 140-те места
во парламентот. Поради тоа што и`
недостасуваше мнозинство, партијата формираше коалиција со централно-левичарската
Социјалистичка партија за интеграција, која освои четири парламентарни места.