Линкови за пристапност

Датумот со три деветки – за многумина значи надеж за среќа


Двојките ширум светот се надеваат дека денешниот невообичаен датум 09/09/2009, ќе им донесе среќа во бракот.

Во Кина е најавено склучување на преку 10.000 бракови, додека околу 500 двојки го кажаа судбоносното „да" на масовна венчавка во Малезија. Броевите „9-9" на мандарински јазик значат долговечност.

Службата за регистација на бракови во Сингапур соопшти дека на тој специјален ден во оваа земја биле склучени преку 360 бракови, а зголемување на бројот на склучени бракови најавија и Австралија, Русија и САД.


XS
SM
MD
LG