Линкови за пристапност

Потребни дополнителни средства за НАСА да го врати Човекот на Месечината


Во извештај на работна група на Белата куќа што ја истражува американската вселенска програма објавен во вторникот, се наведува дека се потребни дополнителни средства за НАСА да го врати Човекот на Месечината. Групата предвидува дека се потребни нови 3 милијарди долари, како дополнение на постојниот годишен буџет на НАСА од 18 милијарди, со цел агенцијата да ја оствари задачата до 2020-та. Враќањето на Месечината е дел од поголемиот проект за испраќање на човечки екипаж на Марс. Проектот го предложи поранешниот претседател Џорџ Буш во 2004-та.

XS
SM
MD
LG