Линкови за пристапност

Обама ќе се обрати пред обата дома на Конгресот


Американскиот претседател Барак Обама вечерва ќе се обрати во Конгресот, во уште еден обид да оставри поддршка за својата иницијатива за реформа на здравствената заштита.

За време на говорот Обама се очекува да изложи детали за неговиот предлог и да ги разјасни, како што ги нарекува Белата куќа, недоразбирањата околу планот.

Најтешката задача на Обама ќе биде да ги убеди скептиците – републиканци, но и некои умерени сопартијци – демократи, дека неговиот предлог за владина програма за здравствено осигурување, е полезна и остварлива. Критичарите тврдат дека таа практично претставува владино преземање на здравственото осигурање. Оние кои се против планот на претседателот, велат дека тој е прескап и дека ќе резултира со буџетски дефицит. Обама тврди дека неговиот предлог ќе обезбеди конкуренција меѓу приватните осигурителни компании, со што би се намалиле трошоците за здравствено осигурување.

Претседателот Обама вечерва се очекува да ги повика членовите на Конгресот да ги надминат разликите и да усвојат легислатива за реформи во здравствениот систем на САД.

XS
SM
MD
LG