Линкови за пристапност

НАТО го ослободи киднапираниот новинар во Авганистан


Силите на НАТО во Авганистан го ослободија новинарот на Њујорк Тајмс кого милитанти го држеа во заложништво, но неговиот преведувач и еден британски војник беа убиени во операцијата.

Стивен Фарел, со двојно, британско-ирско државјанство, бил киднапиран во саботата додека известувал по контроверзниот воздушен напад на НАТО во северната провинција Кундуз.

Фарел за Тајмс изјавил дека неговиот преведувач, Султан Мунади, киднапиран во исто време, бил застрелан при спасувањето. Фарел кажа дека не знае дали го погодиле спасувачите или милитантите.

Во акцијата е убиена и една авганистанска жена.

Во јуни, друг известувач на Њујорк Тајмс, Дејвид Род, им избегал на милитантите кои го држеле седум месеци во планините на Авганистан и Пакистан.


Во двата случаи, весникот и други медиуми не ги огласуваа киднапирањата заради безбедноста на новинарите.

XS
SM
MD
LG