Лидерите од бизнис-заедницата веќе не сметаат дека САД се најконкурентна економија во светот.
Истражувањето од Светскиот економски форум со седиште во Женева покажа дека САД паднале на второто место веднаш зад Швајцарија.
Резултатите од истражувањето се базирани врз перформансот на земјите во неколку клучни области – вклучувајќи го доброто управување на владата, сообраќајната и телекомуникациска инфраструктура, иновациите и располагањето со талент.
Истражувањето покажа дека САД паднале на второто место поради глобалната финансиска криза, како и континуираната загриженост заради растењето на долгот.
Како споредба, истражувањето ја истакна Швајцарија како земја со „релативно стабилна економска клима“, дури и во време кога нејзините главни банки биле силно погодени од кризата.