Линкови за пристапност

Тројца загинати во бомбашки напад на аеродромот во Кабул


При самоубиствен бомбашки напад во близина на воена база на меѓународниот аеродром во Кабул загинаа тројца цивили, а беа повредени шестмина.

Талебан ја презеде одговорноста за експлозијата, во која беше повреден и странски војник.

Аеродромот го користат цивили и странски војници кои оперираат во земјата. Бомбашкиот напад се случил пред главната портата на воениот дел од аеродромот.

Бунтовници од Талебан изведоа ракетни напади на аеродромот минатиот месец, во време на интензивирана кампањата на насилство спроти одржувањето на претседателските избори во земјата.

Во меѓувреме, меѓународните сили на НАТО во Авганстан, потврдија дека има цивили меѓу загинатите и повредените при воздушниот напад во петокот во северната провинција Кундуз.

Ваквата оценка доаѓа по првичната истрага за инцидентот.
Воздушниот напад по наредба на германски командант имал за цел милитанти на Талебан, но локални жители тврдеа дека загинале многу цивили.

XS
SM
MD
LG