Линкови за пристапност

Судан ја ослободи жената осудена заради носење панталони


Суданската новинарка Лубна Хусеин беше ослободена од затвор еден ден откако беше затворена затоа што одби да плати казна за носење пантолони во јавност.

Синдикатот на суданските новинари соопшти дека Хусеин била ослободена откако синдикатот ја платил казната од 200 долари, изречена од судот.

Судански официјални лица ја успасија Хисеин и 12 други жени во Картум во кафуле, во јули, затоа што носеле пантолони.

Десет од нив биле казнети со камшикување, но Хусеин и уште две решиле да одат на суд.

Судот ја осуди Хусеин, но ја поштеди од евентуалната казна од 40 камшикувања.

Канцеларијата за човекови права на ОН ја критикуваше суданската осуда на Хусеин.

XS
SM
MD
LG