Линкови за пристапност

Цената на златото највисока за последните 18 месеци


Претпазливите инвеститори купуваат злато, кревајќи ја цената на овој драгоцен метал на берзите.

Цената на златото во вторникот надмина илјада долари за унца, искачувајќи се на највисоко ниво од февруари наваму.

Инвеститорите велат дека златото станувало се попривлечна инвестиција заради загриженоста за вредноста на американскиот долар и другите валути.

Тие стравуваат дека големите расходи на светските влади преземени за стимулирање на економскиот растеж ќе доведат до инфлација и ќе причинат паѓање на вредноста на многу валути.

Некои економисти велат дека сегашната треска за купување злато се должи и на стравот дека светските берзи се на пат на нагло опаѓање.

Највисоката цена платена за злато е од март 2008, кога цената исто така беше над илјада долари.

Цената на златото на светските пазари беше во постојан пораст последните месеци.

Луѓето традиционално купуваат злато во тешки економски времиња бидејќи мислат дека тоа подобро ќе ја задржи вредноста отколку други инвестиции. Од истата причина и инвеститорите купуваат злато кога мислат дека вредноста на американскиот долар ќе падне.

XS
SM
MD
LG