Линкови за пристапност

Официјалeн прием на Сотомајор во Врховниот суд


Новиот судија во Врховниот суд, Соња Сотомајор, по втор пат поднесе заклетва на функцијата, на формална церемонија како израз на добредојде за најновиот член на највисокиот суд во државата, на која присуствуваа и претседателот Барак Обама и потпретседателот Џо Бајден.

Првата заклетва Сотомајор ја поднесе на приватна церемонија на 8-ми август. Таа е прв судија со латино-американско потекло и трета жена по ред на оваа функција.

Обама ја номинираше Сотомајор во Врховниот суд на местото на Дејвид Саутер, кој неодамна се пензионира. Се верува дека Сотомајор има слични ставови со оние на Саутер, така што не се очекува промена на идеолошката рамнотежа во судот.

Сотомајор со првиот судски случај откако ја презема функцијата, ќе се соочи уште во среда, кога судот предвреме се враќа од редовниот одмор за разгледување на аргументите околу можноста да се отстранат ограничувањата за корпорациите и работничките синдикати во финансирањето на политичките кампањи.

XS
SM
MD
LG