Американскиот
претседател Барак Обама во денешен говор на учениците ќе им каже дека е важно
да учат и да останат на училиште. Најавата за овој говор предизвика жестока критика од многу конзервативци.
Обама ќе зборува во средно училиште близу Вашингтон, а
говорот ќе биде пренесуван во живо на Интернет и на кабловската телевизија, со
многу ученици кои ќе го следат обраќањето
во нивните училници.
Сепак, некои родители велат дека ќе ги задржат децата
дома, а некои училишта решија да не го
прикажат говорот на нивните ученици среде протестите од многу конзервативци кои
го обвинуваат претседателот за индоктринирање
на нивните деца со, како што велат, неговата социјалистичка агенда.
Белата куќа вели дека протестите се „смешни" и дека
Обама единствено сака да ги мотивира учениците.