Линкови за пристапност

Претседателот Обама ќе се обрати до трудовите синдикати


Обама ќе се обрати на синдикалците на годишниот излет во градот Синсинати во државата на средниот запад, Охајо.

Во меѓувреме, потпретседателот Џо Бајден им оддаде почит на американските работници со отворањето на парадата за Денот на трудот во градот Питсбург во источната држава Пенсилванија.

Но, на празникот годинава е нависната голема сенка, заради 15-те милиони Американци кои остануваат невработени.

Статистиката покажува невработеност од близу 10 проценти, додека бројот на оние кои се согласиле на вработување со неполно работно време, или кои се откажале од барање работа, пораснал за близу 17 проценти.

Во неделното обраќање пред празникот, претседателот Обама кажа дека губењето на работни места е со драматично забавено темпо споредено со пред неколку месеци. Тој исто така рече дека меѓу другите знаци на опоравување е и производството што за прв пат по 18 месеци покажува профит.

XS
SM
MD
LG