Линкови за пристапност

Aмериканците го празнуваат Денот на трудот


Денот на трудот значи традиционален крај на летните одмори. Оваа година, според проценките само околу 39 милиони патуваат со автомобил или со авион, што е за околу шест милиони лица помалку од лани.

За младите, празникот значи нова учебна година, само што почнала или ќе почне.
Америка за прв пат го славеше Денот на трудот на 5-ти септември 1882-ра на парада во Њујорк.

Конгресот го направи Денот на трудот национален празник во 1894-та. Со него му се оддава почит на американскиот работник, на организираната работничка класа и на движењето што помогнало да се забрани користењето на детски труд и да се обезбедат правата на работниците.

Низ земјата се одржуваат и паради и собири на кои доаѓат политичари кои се надеваат на добивање уште некој глас на поддршка.
Но, мнозинството Американци на овој ден се простува од летото пред повторно да се врати на работните обврски.

XS
SM
MD
LG