Линкови за пристапност

Ахмадинеџад:  За Иран нуклеарното прашање е затворено


Иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад вели дека неговата земја нема да преговара со светските сили за своето „право“ да развие нуклеарна технологија.

На денешна прес-конференција тој рече дека од иранска гледна точка, нуклеарното прашање е затворено.

Групата од шест светски сили, пет постојани членки на Советот за безбедност на ОН и Германија, се залагаат за дијалог со Иран во врска со контроверзната нуклеарна програма.

Групата на Иран му понуди поттици за да ги прекине овие активности и ја разгледува опцијата за воведување на санкции против Иран доколку не соработува. Иран вели дека до групата наскоро ќе претстави свој пакет предлози.

XS
SM
MD
LG