Американскиот претседател Барак Обама го одбележа празникот Ден на трудот велејќи им на синдикалните работници дека силно работничко
движење е дел од силна економија.
Претседателот зборуваше во понедлник пред Американската
федерација на трудови синдикати
(АФЛ-ЦИО) на годишниот пикник на групата во Синсинати, Охајо.
Тој кажа дека неговата администрација работела да обезбеди средната класа да остане `рбетот на економијата, а не само идеал што исчезнува на годишни излети.
Обама вели дека неговата Работна група за работнички семејства од средната класа, предводена од потпретседателот Џо Бајден, ќе обезбеди владината политика да има корист од американскиот работник.