Линкови за пристапност

ОН: Цифрата на раселени Сомалијци - над 1,5 милион


Агенцијата за бегалци при ОН соопшти дека цифрата на внатрешно раселени Сомалијци се зголеми на повеќе од 1,5 милиони луѓе.

Агенцијата јави дека повеќе од 250.000 луѓе го напуштиле главниот град Могадишу од почетокот на мај, кога исламистичкото движење почна офанзива против владата.

Повеќето од раселените се жени и деца живеат во прифатни објекти. ОН повторно испрати предупредувања за очајната ситуација во Сомалија, која страда од чести суши среде непрекинатите борби.

Светската организација неодамна пренесе дека најмалку половина од сомалиската популација во Сомалија, или околу 3, 8 милиони луѓе, се зависни од помошта во храна.

Сомалија се наоѓа во 18-годишен хаос и конфликт по падот на централна влада во 1991-ва.

XS
SM
MD
LG