Линкови за пристапност

Полицијата во Босна уапси осомничен за масовни убиства


Полицијата во Босна и Херцеговина го уапси босанскиот Србин осомничен за учество во масовните егзекуции на околу 200 Бошњаци и Хрвати во војната во 1992-ра.

Државниот обвинител во Сараево објави дека властите го уапсиле осомничениот Маринко Лзепоја по обвинение за кривични дела против човештвото за инцидент во кој цивили се застрелани и туркани од карпа.

Властите потврдија дека осомничениот е уапсен во северозападниот град Приједор.

Масовните убиства во 1992-та беа дел од кампањата на Србите за етничко чистење за време на балканскиот конфликт. Истрагата верува дека жртвите биле транспортирани од притворен центар во близина на Приједор до карпа во централна Босна, каде биле застрелувани.

Истрагата покажа дека 12-мина преживеале со скокање од карпата.

XS
SM
MD
LG