Линкови за пристапност

Врховниот суд на САД ќе расправа за документарецот „Хилари“


Американскиот Врховен суд се враќа од редовниот одмор речиси еден месец порано од вообичаено, за да ги слушне аргументите за случај што може многу да влијае на начинот на кој се финансираат политичките кампањи.

Во среда се очекува пред судот да бидат изложени аргументите за тоа дали да се отфрлат ограничувањата за тоа како и кога корпорациите и работничките синдикати можат да учествуваат во политичките кампањи.

Случајот произлегува од документарниот филм „Хилари“, во кој е претставен мошне критички осврт за Хилари Клинтон и за нејзината кандидатура за претседател. Судот се навраќа на овој случај по мартовското првично сослушување на аргументите.

Спорот се однесува на тоа дали документарецот е еквивалентен со политичко рекламирање и е предмет на регулатива од страна на федералните закони за финансирање на политичките кампањи. Конзервативна група наречена „Обединети граѓани“ го продуцираше 90-минутниот филм за Клинтон, поранешната прва дама и тогашна американска сенаторка. Клинтон во моментов е на функцијата државен секретар.

XS
SM
MD
LG