Линкови за пристапност

Ел Барадеј вели дека односите со Иран се во ќорсокак


Раководителот на Меѓународната агенција за атомска енергија, Мохамед Ел Барадеј вели дека агенцијата се наоѓа во ќорсокак со Иран во врска со контроверзната нуклеарна програма на оваа земја.

Првиот човек на агенцијата додаде дека Техеран мора повторно да воспостави комуникација со агенцијата за да се разјаснат и затворат сите прашања.

Обраќајќи се на средбата на бордот гувернери на Меѓународната агенција за атомска енергија во Виена, Австрија, Ел Барадеј се пожали дека Иран не дозволил потемелни инспекции на неговите нуклеарни објекти. Тој додаде и дека Иран не одговара на барањето на Советот за безбедност на ОН за прекин на активностите за збогатување на ураниум.

Ел Барадеј воедно ги порекна информациите дека ги задржува доказите што покажуваат дека Иран се обидува да дојде до технологија за нуклеарно оружје. Тој рече дека наводите кои произлегуваат од Франција и Израел се неосновани и политички мотивирани.

XS
SM
MD
LG