Линкови за пристапност

Жестоки напади на Македонија од бугарска страна по бродската несреќа во Охрид


Трагедијата што се случи во Охридското езеро, кога во саботаат претпладне потона брод при што животот го загубија 15 туристи од Бугарија, стана поле за политичка битка мегу политичките субјекти во Македонија и Бугарија но и на релацијата мегу двете држави.

Во Македонија опозиционерите ја обвинија Владата за одговорност поради трагичниот настан. Велат, направерни се низа пропусти кои овозможиле да се случи ваква трагедија. Поради тоа бараат неотповикливи оставки од минстрите за внатрешни работи и за транспорт и врски Јанкуловска и Јанакиевски. Според опозицијата оставката која ја понуди Јанакиевски треба да биде неотповиклива и премиерот само да ја констатира, а не и да ја разгледува како што беше најавено.

„Два дена премиерот и неговите министри не се симнаа од медиумите, обидувајќи се да ја избегнат одговорноста, па дури и да извлечат некои дневно-политички поен од оваа огромна трагедија“, изјави Андреј Петров од СДСМ.

Од своја страна власта ги отфрла критиките и ја обвинува опозицијата дека се обидува од ова трагедија да извлече дневно политички поени.

Неморално е трагичниот настан да се користи за политички маркетинг и да се даваат паушални оценки за виновници пред да заврши истрагата,одговорија во владеачката партија.

Фронт за политичка борба се отвори и во Бугарија. Претседателот Прванов ги обвини бугарските власти дека немаат контрола врз тоа кои и какви туристички агенции организираат престој на нивни државјани во странство. На ова остро возврати бугарскиот премиер Борисов обвинувајки го претседателот дека наместо брзо да се врати од Охрид во Софија тој како што изјавил бугарскиот премиер се рашетувал по охридската калдрма.

Во препукувањата мегу премиерот и шефот на бугарската држава жртва е и Македонија. Одговарајки на обвинувањата на претседателот, премиерот се вклучи телефонски во живо во утринската програма на бугарската национална телевизија.

„Какви неправилности и да има во туристичките агенции, во мизеријата во која сакаат да прават бизнис, вината е целосно кај Македонците. Кога ќе отидеш, ти предлагаат услуга - дали е коњ, магаре, брод, камила... Тој што ја предлага носи одговорност за тоа. Сега да бараме вина во нашите туристички агенции е погрешно. Во случајот целиот безобразлук е кај Македонците“, изјави Борисов за БТВ.

Јавноста во Македонија бурно реагира на ваквите изјави на бугарсиот премиер, но засега нема никави официјални реакции на овие ставови на Борисов. Неофицијално во изјавата на премиерот на Бугарија се гледа опаснот од заладување на билатерлните односи мегу двете држави.

XS
SM
MD
LG