Линкови за пристапност

Распит во Европската комисија за планот на Гугл да скенира милиони книги


Интернет гигантот Гугл вели дека прави отстапки за европските издавачи во врска со нивниот план да скенира милиони книги за објавување на Веб.

За време на распирот во ЕУ во Брисел во понеделникот, Гугл кажа дека ќе побара двајца претставници на европската издавачка индустрија да се приклучат на бордот на проектот за регистрирање на книжевните права.

Германската влада и група автори и издавачи го критикуваа проектот на Гугл за дигитална книжевна библиотека, велејќи дека на компанијата и` дава премногу контрола врз книгите кои веќе не се печатат.

Но инженерот на Гугл, Дан Кленси, вели дека проектот има за цел да го демократизира пристапот кон информации он-лајн.

Средбата од понеделникот беше фокусирана на тоа како договорот на Гугл со американските автори и издавачи ќе се одрази на ЕУ.

Гугл вели дека се равоти за скенирање на европски книги стари преку 150 години за да се избегне конфликт со законите за авторски права. До сега се дигитализирани повеќе од 10 милиони книги.

XS
SM
MD
LG