Линкови за пристапност

Судан: Осудена жена зашто носела пантолони


Судански суд осуди новинарка за непристојност затоа што носела пантолони во јавност.

Сведоци велат дека судот ја поштедил од евентулната казна од 40 камшици, но ќе мора да плати 200 американски долари. Зборувајќи со новинарите по донесувањето на пресудата, Лубна Хусеин рекла дека нема да ја плати казната и дека претпочита да оди в затвор.

Хусеин беше уапсена на 3-ти јули, заедно со уште 12 жени во Картум затоа што носеле пантолони. Десет од нив беа казнети со камшикување, но Хусеин и уште две од нив одлучиле да одат на суд.

Нејзиниот случај предизвика широкораспространето изразување негодување дома и во странство.

Суданската полиција привела и десетици други жени кои протестирале пред судот во Картум, каде се одвивало судењето на Хусеин

XS
SM
MD
LG