Линкови за пристапност

Бајден: Стимулативниот пакет поуспешен од очекуваното


Наместо да зборуваме за почеток на депресија, зборуваме за крај на рецесијата, на осум месеци по доаѓањето на функција, кажа Бајден.

Но, програмата за двегодишно креирање работни места и потрошувачка, беше предмет на остра дебата. Ново истражување на Галуп покажува дека 51 процент од Американците веруваат дека владата потрошила премногу, а 25 отсто велат дека со стимулацијата економијата всушност се влошила.

Републиканците исто така го критикуваа актот како збир од разединети програми. Но, Бајден вели дека стимулативниот пакет ја одразува комплексноста на американската економија.

Документот, вели тој, не рефлектира недостаток на дизајн, документот е дизајнот.

Но, и покрај поголемата стабилност на Вол Стрит, растење на продажбата на недвижнини и поголемата продуктивност – рејтингот на претседателот Обама опадна.

Белата Куќа бара трпение на подолга патека, но некои економисти не ја отфрлаат можноста за втор стимулативен пакет.

Трговците велат дека потрошувачите и натаму трошат малку заради невработеноста. А невработеноста, и натаму се очекува да оди нагоре. Зашто, дури и кога економијата напредува, невработеноста обично каска зад економските промени.

XS
SM
MD
LG