Линкови за пристапност

Шумскиот пожар во Калифорнија - подметнат


Властите во Калифорнија тврдат дека пожарот што опустоши речиси 60.000 хектари и 64 домови во близина на Лос Анџелес е подметнат. Поради тоа што пожарот се третира како подменат, властите започнаа истрага за убиство на двајца пожарникари, Тед Хол и Ерни Квинонес, кои загинале во неделата кога нивното возило за итни интервенции паднало во провалија од стрм планински пат.

Истрагата е насочена северно од Лос Анѓелес, во област што се смета за евентуален епицентар на пожарот што е активен веќе преку една недела. Официјални лица велат дека засега се изгаснати 42 проценти од пожарот.

XS
SM
MD
LG