Линкови за пристапност

Отпуштени стражарите што правеле развратни забави


Американската амбасада во Кабул отпушти осум стражари кои биле фотографирани како малтретираат потчинети и учествуваат во развратни, пијани забави во своите простории за живеење.

Во изјвата на амбасадата стои дека стражарите заминале од Кабул во петокот, заедно со уште двајца колеги кои доброволно дале оставка. Стражарите работеле за приватната американска компанија „АрморГруп норт американ“ која пружа обезбедување за Стејт департментот. Итно бил сменет и вишиот раководен состав на компанијата во амбасадата во Кабул.

Скандалот изби на површина откако организацијата Проект за владина контрола, која ја следи работата на владата, објави дека открила електронски пораки, фотографии и видео-снимки што покажуваат дека претставници на АрморГруп уринирале врз потчинети и учествувале во нудистички забави.

Амбасадата соопшти и дека во Кабул пристигнала екипа од Стејт департментот која ќе изврши истрага. Истовремено е забранета употреба на алкохол во просториите за живеење на стражарите најмени од Арморгруп.

XS
SM
MD
LG